fbpx

Просечна плата во јануари изнесувала 24.517 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари изнесувала 24.517 денари, а бруто-платата 36.386 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава во однос на јануари лани, е зголемена за два отсто, а бруто-платата за 3,3 отсто.

Растото се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална заштита 9,6 отсто, рударство и вадење камен 8,3 отсто и образование 5,3 отсто.

Намалување на просечната месечна нето-плата во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација за 21,4 отсто, информации и комуникации 19,8 отсто и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 14,3 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...