fbpx

Проработеа сензорите за мерење на квалитетот на воздухот во Охрид

-

Профункционираа станичните сензори за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Охрид. Станува збор за 11 станични сензори што се веќе поставени, а нови три вакви уреди ќе се монтираат по нова година во ОУ „Св. Климент Охридски“, спортската сала „Атина Бојаџи“ и ОУ „Христо Узунов“. Следењето на податоците е во рамките на проектот финансиран од ЕУ „AIRTHINGS“, при што во Охрид ќе се следат пет еколошки параметри и три метеоролошки параметри.

Овој регионален проект, покрај следењето на квалитетот на воздухот во Охрид, планира да ја реализира идентичната активност во Солун, Никозија и Тирана, каде до март 2020 година ќе бидат пуштени во функција станичните сензори. Воедно, во Софија веќе се ставени во работа 22 вакви уреди.

Податоците за квалитетот на воздухот служат за потреби на проектните активности и истите не може да се превземаат, ниту пак да се толкуваат за времетраењето на проектот, без дозвола на Државниот инспекторат за животна средина и Општина Охрид. Оваа платформа не е дел од Државната Мониторинг Мрежа на Министерството за животна средина и просторно планирање, ниту е дел од било која друга мрежа, туку истата е самостојна и креирана во рамки на проектот на ЕУ „AIRTHINGS“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...