fbpx

Пропагандна објава ги етикетира демократските држави како фашистички

ЕУ има механизми за да ги поддржува овие принципи, како што е Европскиот суд за човекови права. Од друга страна пак, фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права

-

ЕУ заедно со Германија, како и НАТО и САД и Украина ставаат силен акцент на човековите права, основните слободи и заштитата на малцинствата. ЕУ има механизми за да ги поддржува овие принципи, како што е Европскиот суд за човекови права. Од друга страна пак, фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија со знамињата на Украина, САД, Германија (со грбот), ЕУ и НАТО и пишува:

На сите ќе ви дојде редот. Ѓубриња фашистички.

Ова е само една од низата објави во кои се прави обид да се дискредитираат западните држави и да се обвинат за фашизам без никакви докази. Тоа се прави и за ЕУ и за НАТО, иако тие се дијаметрално со спротивни вредности на фашизмот. Во склоп на фотографијата е претставена мечка која спие и врз која е поставена илустрација од руското знаме, што ја прави оваа објава дел од пропагандата која има за цел да ја глорифицира Русија и да ја претстави како поборничка за укинување на фашизмот, на кој што дефинитивно државите Германија, САД, Украина, но и ЕУ и НАТО не се приклонети.

Огромна е разликата меѓу демократиите и фашистичките режими

ЕУ заедно со Германија, како и НАТО и САД и Украина, особено сега кога е пред почеток на преговори за пристапување, ставаат силен акцент на човековите права, основните слободи и заштитата на малцинствата. ЕУ има механизми за да ги поддржува овие принципи, како што е Европскиот суд за човекови права.

Од друга страна, пак, фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права. ЕУ ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. Фашизмот промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија.

Европската Унија се темели на принципи кои се целосно спротивни од оние на фашизмот. Таа е политичка и економска унија од 27 земји-членки кои се фундаментално демократски и се придржуваат до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото. Фашизмот е екстремно десничарска, авторитарна, ултранационалистичка политичка идеологија и движење, што се карактеризира со диктаторски лидер и насилно потиснување на опозицијата.

Објавата, исто така, е насочена и против Украина која долго време е мета на дезинформациите на Кремљ за да се оправда руската воена инвазија, на тој начин што се тврди дека Украина е, исто така, фашистичка или нацистичка земја, односно дека со нејзе управуваат неонацисти. Тоа беше и еден од првите наративи на претседателот на Русија Владимир Путин, кој на почетокот на неиспровоцираната воена инвазија најавуваше таканаречена „денацификација” на Украина. И покрај тоа што Украина е земја во која милиони загинаа, борејќи се против нацизмот во Втората Светска Војна, земја каде што нацистичката идеологија е забранета.

Моменталната украинска влада не е фашистичка, ниту диктаторска, или на кој било начин поврзана со нацистичкото минато. Претседателот Володимир Зеленески е демократски избран на фер избори, добивајќи 73 проценти од гласовите на претседателските избори во 2019 година. Вистиномер овој наратив го дебанкираше најмалку два пати, овде и овде.

 

На Кремљ не му е прв пат да обвинува за фашизам демократски земји

Како што објавува EuVsDisinfo, долги години руските медиуми контролирани од државата тврдeле дека различни држави и ентитети се управувани од нацисти или, пак, се водат од нацистичката идеологија. Примерите се добро документирани во базата на податоци EUvsDisinfo од 2015 година. Таму, на пример, може да се види дека наративите на Кремљ биле и дека Молдавија е управувана од фашисти, а, исто така и балтичките држави и Полска.

Понатаму, дека Европа, а исто така и Европскиот Парламент го „поддржува“ фашизмот. Говорејќи во Владивосток шест месеци по руската инвазија на Украина, Владимир Путин дури шпекулираше дека шефот за надворешна политика на ЕУ, високиот претставник Жозеп Борел„ќе беше на страната на фашистите доколку живееше во триесетите“.

Одредени поединци или помали групи, кои немаат застапеност во парламентите или во донесувањето на одлуки на високо ниво можно е да постојат во сите држави од светот, но тоа не ги прави државите фашистички, туку ги прави исклучоци, кои се овозможени токму од широко дозволениот плурализам на мислења и здружувања што го овозможува демократијата.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски на средба со амбасадорите на државите членки на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорите на државите-членки на Европската унија. Тие разговарале за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата...