fbpx

Пропаднаа преговорите за обединување на Кипар

-

Преговорите на високо ниво за обединување на Кипар не резултираа со договор, соопшти генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пред новинарите во Кран Монтана, по маратонските преговори под покровителство на ОН.

– За жал, договор не може да се постигне и конференцијата е завршена без да се најде решение за овој драматичен, долготраен проблем. Сакам да изразам длабока благодарност кон лидерите на двете заедници и да им посакам сè најдобро на сите Кипрани, и на северот и на југот – рече Гутереш.

Сепак, тој истакна дека „вратата не е затворена“ и дека се прават обиди да се вратат на преговарачката маса лидерите на кипарските Грци и на Турција, Никос Анастадијадес и Мусфата Акинци.

– Конференцијата е завршена, но тоа не значи дека не може да се развијат други иницијативи за да се реши кипарскиот проблем – рече Гутереш.

На состанокот во Швајцарија присуствуваа претставници на Грција, Турција, како и на Велика Британија, поранешниот колонизатор на Кипар.

Според турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, за неуспехот на преговорите се заслужни инсистирањата на кипарските Грци, кои бараат Анкара да ги повлече своите трупи од островот и да ги укине правата на воена интервенција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...