Враќањето на почетна точка на случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство под името „ТНТ”, за уривањето на комплексот „Космос”, на стопанственикот Фиат Цаноски, го привлече вниманието на јавноста, бидејќи над две години се фрлија во вода. Со ова се допринесува кон зголемување на недовербата на граѓаните во ефикасноста на судството во оваа држава, која и онака е на алармантно ниво, пишува „Порталб.мк“.

Во 2011, бизнисменот Фиат Цаноски ја напушти коалицијата со тогашната партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ, односно во времето кога премиер беше Никола Груевски.

По излегување од коалицијата, државните власти под обвинение за непрaвилности при градење, го урнаа станбениот комплекс „Космос” на Цаноски. Тој обвинуваше за реваншизам, а властите останаа на ставот дека комплексот е урнат поради неправилности.

Меѓутоа, во 2015, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во тоа време во опозиција, почна да објавува „бомби“, односно прислушувани материјали, во кои се слушаа криминалите на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Во неколку објавени прислушувања од Заев, се слуша бившиот премиер Груевски како му вели на Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски, дека го излажал сопственикот на урнатиот комплекс „Космос“, Цаноски, во врска со документацијата на овој комплекс.

СЈО во 2016 година покрена обвинение против Груевски, Јанакиески, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски во 2016 година за инволвирање во намерно уривање на објектот од политички побуни. Судскиот процес започна во 2017.

На крајот од 2019 година, во време кога се очекуваше да има пресуда, по повеќе обиди, одбраната успеа да го врати судењето од почеток поради тоа што една поротничка поднесе оставка.