Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Опозициската Демократска партија најави дека на 11 декември ќе предложи нов закон за импичмент на претседателот

-

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан.

Нивното напуштање на седницата значеше дека националното собрание го нема потребниот број на гласови – 200 – за да го започне процесот на импичмент на Јеол.

„Со вкупно 195 гласови, бројот на членови кои гласаа не го достигна потребното двотретинско мнозинство од вкупниот број членови“, рече претседателот на националното собрание, Ву Вон-шик.

Кога започнала пленарната седница, некои членови на владејачката Партија на народната моќ ја напуштиле салата. Пратеници од опозицијата ги повикувале со зборовите „Предавници, вратете се“.

Според извештаи на локалните медиуми, тројца пратеници од владејачката партија се вратиле за да гласаат.

Опозициската Демократска партија најави дека на 11 декември ќе предложи нов закон за импичмент на јужнокорејскиот претседател.

Шефот на владејачката партија Хан Донг-Хун, пак, рече дека неговата партија и претседателот Јун Сук Јеол ќе работат заедно за да најдат начин тој по уреден пат да ја напушти функцијата, нешто на што се согласил и претседателот.

Декларацијата за воена состојба на Јун Сук Јеол која траеше шест часа, пред да биде официјално отфрлена од пратениците, наиде на широка осуда низ јужнокорејскиот политички спектар и предизвика масовни протести во Сеул и други јужнокорејски градови.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...