fbpx

Пропадна и третиот обид да се состави влада, Бугарија повторно на избори

-

Бугарската социјалистичка партија (БСП) го враќа третиот мандат за формирање влада, со што Бугарија наскоро повторно ќе организира предвремени парламентарни избори, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Социјалистите денеска побараа претседателот Румен Радев да ги прими во понеделник за да го вратат мандатот, но тоа сепак ќе се случи во вторник.

„Баравме решение за излегување од политичката криза. Ги поканивме сите лидери на парламентарните партии. Ги оценивме разговорите извршени денеска. Ги оценивме моќните чекори за понатаму и решивме: го враќаме третиот мандат“, изјави за новинарите во бугарскиот парламент претседателката на БСП, Корнелија Нинова.

Според уставот, откако ќе биде вратен и третиот мандат, претседателот треба да распише предремени парламентарни избори, но нема прецизни одредници кога треба да бидат распишани. Сепак, неофицијални очекувања се предвремените избори да се случат на 26 март или на 2 април, пишува mediapool.bg.

Ова ќе бидат петтите парламентарни избори во Бугарија за неполни две години. Последните, исто така предвремени избори, се одржаа во октомври лани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...