fbpx

Пронајдени црните кутии од урнатиот авион на „Ер Азија“

-

Пронајдени се двете црни кутии на авионот на авиокомпанијата „Ер Азија“ кој пред две недели се урна во Јаванското Море, соопштија индонезиските власти.

Како што јавуваат локалните медиуми, првата кутија, која беше извлечена од морето, ги содржи податоците за летот на авионот, додека втората, на која се наоѓаат записи од разговорите меѓу пилоти, сè уште не е извадена и се наоѓа на 32 метри длабочина.

Црните кутии би требалo да откријат која е причината за уривањето на ербасот на „Ер Азија“, кој на 28 декември со 162 патници и членови на екипажот исчезна од радарите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...