На 31 декември, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во с.Синѓелиќ ги лишија од слобода Џ.А.(29) од с. Синѓелиќ и Л.А. (33) од Скопје заради недозволена трговија со пиротехнички средства, соопштија во Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Кај Џ.А., на импровизирана тезга, пронајдени се 8.598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4.641 пиротехнички средства. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информираат оттаму.