fbpx

Пронајдена една од црните кутии на „Џерманвингс“

-

Пронајдена е првата црна кутија од авионот на „Џерманвингс“ што денеска се урна на француските Алпи.

Авионот имал двете црни кутии, од кои едната ги снима гласовните податоци од кабината на пилотите, а другата бележи податоци за време на летот, од полетувањето до слетувањето.

Истражителите се надеваат дека црната кутија ќе им помогне во откривање на причината за несреќата.

Светските медиуми јавија за наводна последна порака од кокпитот, која гласела „Тревога, тревога“, но француската новинска агенција АФП, повикувајќи се на извори од управата за цивилно воздухопловство, јавува дека од авионот не бил испратен никаков апел за помош.

– Екипажот не испрати СОС-сигнал. Контролорите за летање решиле да прогласат тревога затоа што не можеле да воспостават контакт со екипажот – вели изворот.

Авионот летал на линијата Барселона – Диселдорф. На летот 4U9525 имало 144 патници и шест членови на екипажот, меѓу кои 16 тинејџери и две бебиња. Никој не ја преживеа несреќата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...