Царинските службеници, на граничниот премин Табановце, вчеравечер, при редовна контрола, откриле три килограми марихуана, во автобус кој сообраќал на редовна линија Струга – Виена.

Дрогата била пронајдена под едно од седиштата, сокриена во најлонска кеса.