Полицијата во Тетово лишила од слобода 16-годишник, кај кого при претрес во локал во градот била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што информираат од полицијата, претресот бил извршен на 16 април околу 22:05 часот, во објект кој малолетникот го користел под наем, а бил спроведен со согласност од сопственикот.
При акцијата биле пронајдени и одземени 34 пакувања марихуана, една кутија и една ќеса со марихуана, како и едно пакување со прашкаста материја.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а со него во присуство на родител ќе биде извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
