Пронајдена „црната кутија“ од паднатиот авион на Ер Индија

„Црната кутија“, односно дигиталниот уред за снимање на податоци од летот, била пронајдена на покрив во близина на местото на несреќата. Се очекува таа да даде многу одговори на прашањата зошто се случи една од најтешките авионски несреќи во историјата на Индија

-

„Црната кутија“ од авионот на Ер Индија кој се урна во четвртокот во северозападниот индиски град Ахмедабад е пронајдена во петокот, објавија властите. Според нив, ова е клучен чекор во истрагата за една од најтешките авионски несреќи во историјата на Индија, во која загинаа 241 лице што се наоѓале во леталото и најмалку пет лица на земјата, објави Политико.

Боингот 787 Дримлајнер, кој требало да лета кон Лондон, се срушил само неколку минути по полетувањето, удирајќи во зграда во која бил сместен студентски дом на медицински факултет. Авионот паднал во густо населен дел од градот.

„Црната кутија“, односно дигиталниот уред за снимање на податоци од летот, била пронајдена на покрив во близина на местото на несреќата. Индиската Агенција за истраги на авионски несреќи (ААИБ) соопшти дека истрагата започнала со „целосна мобилизација“. Индискиот министер за цивилно воздухопловство, Рам Мохан Наиду, истакна дека пронаоѓањето на уредот е значаен чекор напред.

„Уредот ќе открие податоци за моторите, поставките на контролите и разговорите во пилотската кабина“, објасни Пол Фром, машински инженер од британската Асоцијација на машински инженери. Тој додаде дека податоците ќе покажат дали имало загуба на сила или подигнување по полетувањето, што ќе овозможи првична проценка на причината за падот.

Како дополнителна мерка на претпазливост, индиската Агенција за цивилно воздухопловство ѝ нареди на Ер Индија да изврши дополнителни инспекции на сите свои авиони Боинг 787-8 и 787-9 со мотори GEnx од Џенерал Електрик. Проверки ќе се вршат на системот за гориво, контрола на моторите, хидрауличниот систем и параметрите при полетување.

Во петокот, додека продолжуваа напорите на спасувачките тимови, индискиот премиер Нарендра Моди го посети местото на несреќата и се сретна со единствениот преживеан патник.

Авио-безбедносниот консултант Џеф Гузети, поранешен истражител во Националниот одбор за транспортна безбедност на САД, изјави дека истражителите би можеле да одговорат на некои од најважните прашања уште следната недела доколку уредот е во добра состојба.

Гузети посочи дека ќе се проверува дали биле правилно поставени крилните клапни, дали имало губење на сила на моторот, дали се активирале аларми во пилотската кабина, како и дали екипажот правилно ги внесол надворешната температура и тежината на горивото и патниците. Неправилните податоци можеле да предизвикаат технички пропусти при полетување.

Покрај патниците и екипажот на авионот, во несреќата загинале најмалку пет лица на земјата, а околу 50 се повредени. Очекувањата се дека бројот на жртви ќе се зголеми, бидејќи телата на многумина сèуште не се идентификувани. Спроведени се ДНК анализи, бидејќи голем дел од телата биле јагленисани.

Ахмедабад е главен град на државата Гуџарат – родната држава на премиерот Моди.

„Целата нација е потресена од авионската трагедија во Ахмедабад. Губењето на толку многу животи на толку ненадеен и трагичен начин е незамисливо. Болката е голема, а празнината што остана ќе се чувствува со години“, напиша Моди на социјалните мрежи по посетата.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...