Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

„Најголемото признание денес го добиваат овие млади луѓе, за кои дипломата е завршување на едно поглавје и почеток на друго – академско, професионално, животно. Како министерка, посакувам да продолжите да живеете и работите овде, во својата земја, и да помогнете во нејзиниот развој. Тука сте најпотребни“, им рече министерката Јаневска на новите дипломци и магистри на ФИНКИ

-

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ).

На церемонијата, министерката за образование и наука им порача да продолжат да стекнуваат знаења и вештини, како најдобар начин за остварување на нивните животни цели. Министерката се заблагодари на наставниот кадар, семејствата и најблиските кои се вградени во успесите на студентите.

„Најголемото признание денес го добиваат овие млади луѓе, за кои дипломата е завршување на едно поглавје и почеток на друго – академско, професионално, животно. Како министерка, посакувам да продолжите да живеете и работите овде, во својата земја, и да помогнете во нејзиниот развој. Тука сте најпотребни“, им рече министерката Јаневска на новите дипломци и магистри на ФИНКИ.

Јаневска најави „крупни промени“ насочени кон унапредување на квалитетот на високото образование. Според Министерството за образование и наука (МОН), во рамки на реформите се разгледуваат различни решенија, а меѓу нив е и тоа за гарантирано вработување на најдобрите студенти во една генерација, на јавните универзитети и научни установи.

Министерката за образование и наука кажа и оти ФИНКИ конечно ќе го добие новиот објект во текот на мандатот на оваа Влада и дека сите заедно треба да работат за да се реализираат заложбите за квалитетно образование и добра работа во Македонија.

Обраќањето Јаневска го заврши со изразување сочувство до семејството на починатиот студент на ФИНКИ во несреќата во Кочани. На повредените четворица студенти им посака поскоро закрепнување и продолжување на патот до остварување на поставените животни и професионални цели.

 

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...