Промовиран зборникот „Од Букурешт до Преспа – Сведоштва на едно време: Македонија 2008 – 2018“

-

Фондацијата Отворено Oпштество – Македонија денеска го промовираше зборникот „Од Букурешт до Преспа – Сведоштва на едно време: Македонија 2008 – 2018“ во Даут-пашин амам.

– Најсилниот мотив да пристапиме кон изработка на еден ваков зборник беше за да се обидеме барем делумно да придонесеме кон колективното паметење или да се спротивставиме на заборавот. Во случајов мотивот беше да запишеме за да не заборавиме, за да никогаш повеќе не ни се повтори, рече на промоцијата,Каранфиловска Пановска.

Публикацијата која е во издание на ФООМ е издадена на три јазици – македонски, албански и англиски јазик. Авторските текстови се дело на 14 реномирани имиња – новинари, интелектуалци, граѓански активисти, кои се директни сведоци и учесници во тој период.

– Се определивме да поканиме автори да подготоват свои текстови во кои независно и критички ќе ги интерпретираат настаните и феномените што ја одбележаа таа декада и притоа елаборирајќи ги своите ставови и согледувања во комбинација или поткрепени со изјави и интервјуа со трети лица кои најчесто беа директни учесници и двигатели на општествените случувања во тој период и тоа како носители на државни или партиски функции или како претставници на стручната и академската фела, граѓански активсти и во комбинација со посочување на факти кои постојат запишани во некои различни документи, извештаи кои се зачувани во странски и домашни архиви, напорот беше да обезбедиме колку е можно објективен поглед на настаните, рече Каранфиловска Пановска.

Таа вели дека концептот на оваа публикација во која авторите се сведоци на тоа време, а текстовите се нивни директни сведоштва, дава малку поинаква димензија од причина што сведоштвата се крајно лична, интимна категорија, што ги прави и да бидат крајно субјективни.

Членот на Управниот одбор на ФООМ, Гордан Георгиев, смета дека публикацијата ќе остави една трага за тоа време.

– „Македонија од Букурешт до Преспа“ е публикација втемелена на сведоштва. Сведоштва за едно време – невреме кое во колективната меморија на нашите граѓани ќе остане запаметено како темно. Тоа се годините кога Европа нѐ етикетираше како „заробена држава“ и кои, од оваа исклучително кратка историска дистанца, ќе ги запаметиме како „загубено време“. Зборникот е тука за да ја зачува таа деценија во колективната меморија на граѓаните и да остави печат за едно време кое не сакаме никогаш да се врати и повтори, прочита Георгиев од воведот на публикацијата.

Автори на публикацијата се Васко Маглешов, Катерина Блажевска, Љупчо Поповски, Милка Смилевска, Владимир Милчин, Билјана Бејкова, Сефер Тахири, Мери Јордановска, Сашка Цветковска, Менче Атанасова-Точи, Дејан Азески, Гордана Дувњак, Искра Новаковска и Назим Рашиди.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...