Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

-

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи фотографии на Татјана Ранташа.

Настанот се одржа во барот „Макка“ во центарот на Скопје при што беа присутни околу стотина љубители на музиката, меѓу кои и јавни личности.

Оливер Белопета на отворањето на џез матинето во Скопје на 18 јануари 2024. Фото: Мета.мк.

Организаторот на фестивалот Оливер Белопета го претстави гитаристот и композитор Филип Динев, кој долги години живее во Хамбург, Германија, посочувајќи ја неговата успешна кариера во странство. Неговите албуми Romann (2024) и Szvetlo (2020)  имаат добиено пофални критики во САД, Германија, Италија и Велика Британија.

„Филип Динев трио“. Фото: Мета.мк.

На матинето, Динев заедно со членовите од триото Андреа Мирческа на контрабас и Дамјан Грујо на тапани, изведоа низа нумери од кои се испреплетуваат модерни западни и мотиви од балканското музичко наследство.

Календарот на Скопскиот џез фестивал. Фото: Мета.мк.

Новиот календар на Скопскиот џез фестивал содржи 12 фотографии на скопската фотографка Taтјана Ранташа со која таа ги има документирано настапите на неколку од најголемите современи ѕвезди на џезот, токму на Скопскиот фестивал. Tука спаѓаат американската пејачка Сесил Меклорин Салвант која го отвори минатогодишното издание, Матс Густафсон и Софија Јорнберг од Шведска, американско-кубанскиот пијанист Мартин Вирелес, португалскиот саксофонист Родриго Амадо, како и Пасквале Мира, Кирил Кузманов, Дејмон Локс, Роб Мазурек, Никол Мичел, Алабастер Деплуме и Марк Сандерс.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...