fbpx

Промовиран нов археолошки локалитет во Охрид

-

Во старото градско јадро на Охрид, промовиран е нов атрактивен археолошки локалитет, попознат како Куќата на Манчевци.

Изминативе две години, етапно, се вршеше конзервација на локалитетот, односно ранохристијанска базилика, која датира од периодот меѓу четвртиот и шестиот век. Локалитет е целосно осветлен и покриен.

– Овој локалитет е од огромно значење, како за културниот туризам на Охрид, така и за промоција на богатото културно наследство што го поседува Република Македонија. За проектот што се спроведуваше во неколку фази, Министерството за култура издвои 5,5 милиони денари, во чии рамки беа извршени системско археолошко истражување на локалитетот, консолидација на објектот, конзервација на сите мозаични подови, а беа поставени и автентичните столбови откриени на локалитетот – рече министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска.

Со финасиска поддршка на Министерството за култура, се спроведуваат уште неколку проекти во Охрид, како обновата на Светиклиментовиот универзитет и реставрација на црквата „Света Богородица – Перивлепта“ каде до крајот на годината ќе бидат освежени архитектурата на објектот, фрескоживописот и камбанаријата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...