fbpx

Промоција на проектот „Безомразно“, в среда, во Охрид

-

В среда, на 5 ноември, со почеток во 12.30 часот, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде промовиран проектот на Здружението за младински активизам „Безомразно“.
Проектот е насловен „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза“, што е воедно и конкурс наменет за млади креативци.
Охрид е еден од шесте избрани градови, од каде, всушност, ќе тргне турнејата што оваа недела ќе се одржи  низ Македонија, за претставување на конкурсот пред младите, кои ќе сакаат да учествуваат во него.
Главната награда е 100.000 денари за оној што ќе успее да направи јавен перформанс, флешмоб, против говорот на омраза, кој од страна на претставниците на здружението за младински активизам „Безомразно“ ќе биде оценет како најдобар.
Проектот ќе се презентира и во Штип, Струмица, Битола, Тетово, Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....