Промоција на 60-то јубилејно издание на списанието за филм „Кинопис“

Фото: Мета.мк

Во петокот, на 18-ти март во салата на Кинотеката на Северна Македонија започна промотивниот настан по повод одбележување на јубилјеното 60-то издание на списанието за историја, теорија и култура на филмот, „Кинопис“.

Петар Волнаровски, еден од промотерите и актуелниот главен и одоговорен уредник на списанието потсети на контиунитетот на списанието како природен наследник на кинотечниот магазин „Кинотечен месечник“ (кој излегувал од 1977 до 1987 година), а чии изданија се пионерски чекори во македонската филмска историја и теорија на филмот.

Професорот, филмолог и уредник во редакцијата, Атанас Чуповски ги презентриаше текстовите, ставовите и рубриките за актуелната македонска филмска сцена кои се вклучени во филмско-културолошкиот осврт содржан во најновиот број од списанието.

kinoteka-kinopis
Фото: Мета.мк

Во новиот број на „Кинопис“ се наоѓаат текстовите за играниот филм СТЕЛА: „Да не се биде сам како пес“, „Каде е човекот во човештвото?!?“ за игрниот филм ХОМО, анализите за анимираниот филм во Македонија; „Чекајќи ја новата продукциска и авторска пролет“, и „Камера, звук и рокенрол“ кон македонската независна филмска продукција. Студиите „Црвениот коњ како култна филмска адаптација“ и студијата за хибридниот филски хронотон на филмот „Џокер“, како и рецензија на книгата на Стојан Синадинов за „Хроника на еден филмски сон“– инспирирана од животот на големиот Антонио Митриќески.

Списанието денес влегува во издавачката дејност на Кинотеката. Промотерите и овој пат ја посочија за отворена можноста за нови идеи и автори како двигатели на неговиот растеж во иднина. Сите заинтересирани автори и творци кои имаат желба да пишуваат за филмската уметност и култура и притоа да станат дел од следниот број на „Кинопис“ може да се обратат на Кинотеката или на некој од сегашните членови на пишувачкиот оддел.