Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од -1 до 7 Целзиусови степени, а максималната температура од 12 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, попладне проследено со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 16 Целзиусови степени.

Утре и за време на викендот ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Од понеделник попладне се очекуваат нови локални врнежи од дожд.