Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Поинтензивни врнежи ќе има во западните делови на земјава.
Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/час. УВ индексот ќе изнесува 6.
Минималните температури се движат од 7 до 16 Целзиусови степени, а максималните ќе изнесуваат од 20 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со умерен до засилен југоисточен ветер и со услови во попладневните часови за краткотраен локален дожд и можни ретки грмежи.
Температурата ќе се движи од 13 до 26 Целзиусови степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поизразена нестабилност се очекува в сабота.