fbpx

Проектот на БАН е доказ дека „волкот влакното го менува, а ќудта не“

-

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска остро реагираше на проектот на Бугарската академија на науките (БАН), според кој македонскиот јазик и дијалекти се составен дел од бугарската дијалектологија.

Како што претходно објави „Мета“ , БАН на осми декември промовираше интернет-аудиокарта, која опфаќа и територии што не се во рамките на државните граници на Бугарија, како што се делови од Македонија, Егејскиот регион, мал дел од Албанија, јужните делови на Србија, Турција и Романија.

„Неразумно е во втората деценија од XXI век бугарските млади лингвисти да ѝ служат на една пропадната мегаломанска идеја на политичарите од XIX век, на нивниот сон за Санстефанска Бугарија, во чии рамки влегуваше и етничка Македонија. Неразумно е, зашто бугарските млади лингвисти, родени по Втората светска војна, не треба да бидат оптоварени со политиката на нивните претходници, кои верно ѝ служеа на едноумната Бугарија, во која, со ретки исклучоци, ниту смееше слободно да се мисли ниту слободно да се работи на лингвистичко поле“, стои во реакцијата на Институтот за македонски јазик

Според македонистите, проектот е доказ дека бугарските млади лингвисти ја продолжуваат традицијата на своите предци.

„Дури и со финансиски средства од Европскиот социјален фонд при Европската Унија, бугарските млади лингвисти продолжуваат свирепо да ја негираат самобитноста на македонскиот дијалектен систем. Со објавата „Карта на диалектната делитба на българския език“, во која ги прогласуваат македонските дијалекти за дел од бугарскиот јазик, тие само ја потврдуваат латинската изрека дека ’волкот влакното го менува, а ќудта не’“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...