fbpx

Производството на храна одговорно за 26 отсто од емисијата на гасови со ефект на стаклена градина

-

Прехранбената индустрија значително влијае врз климатските промени во атмосферата и концентрацијата на гасови со ефект на стеклена градина.
Во текот на неколку векови наназад, значителен дел од дивите површини на Земјата се претворени во земјоделско земјиште, што е едно од најзначајните влијанија на човештвото врз животната средина, пишува „Клима 101“.

Прехранбената индустрија која опфаќа производство, но и обработка и дистрибуција на храна, значително придонесува за штетна емисија на гасови на светско ниво, а уште позагрижувачки е податокот колкаво е влијанието на храната која ќе заврши како отпад.

Храна во светот се произведува и преработува во над 570 милиони фарми во што учествуваат уште поголем број на земјоделци, а дел од тој процес е и значителната потрошувачка на енергија. Производството на храна е одговорно за повеќе од четвртина, дури 26 отсто, од глобалната емисија на гасови со ефект на стаклена градина.

Од вкупните емисии од прехранбената индустрија, 18 отсто се случуваат во ланецот на снабдување, 31 отсто од добитокот и од рибите која се одгледуваат, 27 отсто се последица на одгледувањето на ниви со храна за луѓето и за добитокот, а 24 отсто настануваат поради употреба на земјиштето.

Но, она што потешко се разбира е количеството на храна која се фрла. Според проценките, околу една четвртина од произведената храна никогаш не се изедува, поради оштетување или расипување во синџирот на снабдување, уште пред да дојде до потрошувачите.

На светско ниво храната учествува со околу 6 отсто во вкупното ниво на гасови со ефект на стаклена градина, и тоа во сите фази: берба, производство, преработка, трговија, дистрибуција и потрошувачка.

Европската комисија процени дека само во ЕУ се фрла околу 90 милиони тони храна годишно или по 180 килограми годишно по жител. Нивото на штетни гасови од прехранбениот отпад е скоро три пати поголемо од глобалната емисија на гасови од воздухопловството.

Податоците од ЕУ се на еднакво ниво со Индија, која важи за трет светски емитер на штетни гасови, додека Кина, со емисија од 21 отсто гасови годишно и САД со 13 отсто, се единствените во светот кои создаваат повеќе гасови со ефект на стаклена градина отколку прехранбената индустрија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...