fbpx

Профункционира 072 929 292, граѓаните можат да закажуваат термини за патни исправи и други документи

-

После повеќе од еден месец блокада од денеска профункционираа двете бесплатни телефонски линии, 072 929 292, 0800 192 92, како и електронското закажување за лични документи, на сајтот на Министерството за внатрешни работи. Така граѓаните можат да закажуваат тремини за вадење на нови патни и други исправи. При тоа, нема термини за март, туку најблиските се за средината на април или почетокот на мај.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, при денешната посета на Единицата за внатрешни работи, Гази Баба, и Одделот за недозволена трговија, изјави дека наскоро се очекува да пристигнат обрасците за пасоши, по што ќе бидат ангажирани повеќе припадници на управните служби на МВР, со цел во кус период да се изготват пасошите за околу 20 илјади граѓани кои веќе имаат поднесено барања и кои треба да ги добијат исправите. Тој рече дека, согласно со договорот што е склучен од претходниот министер Оливер Спасовски, новите обрасци за патни исправи треба да дојдат во земјава на 24 март. Но, имало ветување од фирмата „Веридос“ дека патните исправи ќе стигнат 7 до 10 дена пред овој рок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...