fbpx

Професорите ќе штрајкуваат по зимскиот распуст

-

Синдикатот за образование, наука и култура соопшти дека по завршувањето на зимскиот распуст, 30.000 професори од Македонија ќе почнат штрајк. Како што јавува телевизијата „Телма“, професорите ќе одат на работа, но нема да предаваат.

СОНК за време на преговорите со надлежните министерства побара платите на вработените во училиштата, градинките и во културните институции да се зголемат, да се укинат казните од екстерното тестирање, да се поедностави електронскиот дневник и да се укинат класичните дневници.

Три месеци од почетокот на преговорите, СОНК вели дека не е направен никаков напредок, поради што одлучиле да штрајкуваат и оти овојпат нема да попуштат на притисоците сè додека не се исполнат нивните барања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...