Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) заедно со своите партнери започнува програма за млади социјални претприемачи од Западен Балкан.
Проектот РИСЕ ќе поддржи над 200 млади претприемачи од Албанија,
Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да ги развијат своите идеи за социјален бизнис. Преку серија работилници, програми за мобилност и финансиска поддршка, младите ќе имаат шанса да учат и развиваат свои деловни активности и во исто време да помогнат во решавањето на проблемите на нивните локални заедници.
Младите претприемачи од целиот Западен Балкан кои се подготвени да направат промена ќе имаат шанса да аплицираат во август, кога повикот ќе биде отворен.
„РИСЕ (Регионален инкубатор за социјални претприемачи) има за цел да го збогати социјалниот екосистем на претприемништво и да им овозможи на младите луѓе да развијат иновативни општествени решенија, придонесувајќи за помирување и соработка во регионот“ велат од Регионалната канцеларија за младинска соработка.
Проектот промовира дијалог и соработка помеѓу актерите и помеѓу териториите преку мобилност на своите учесници, организирање регионални обуки, работилници за размена и настани, како и создавање реална мрежа на млади претприемачи. Се работи за тригодишен проект што започна на 1 октомври 2019 година и се спроведува низ Западен Балкан.
За повеќе детали може да прочитате на нивната веб страница, социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и на Линкдин.