Булеварот „Илирија“ во Тетово никако не го добие изгледот што го вети градоначалничката Теута Арифи. Работите што започнаа од 2017 година сè уште не се завршени, а проект ги чинеше граѓаните 500.000 евра. Една од причините поради која граѓаните сè уште не можат да го видат главниот градски булевар добро уреден е тоа што компанијата што требаше да ги изврши работите и Општина Тетово се во суд, обвинувајќи се меѓусебно за неисполнување на обврските и неплаќање.

Порталб.мк дознава дека сега друга компанија е ангажирана за завршување на работите. Судскиот случај на Општина Тетово со компанијата „ИР ГРУП“ сè уште нема разрешница, и во моментов е во фаза на вештачење и не се ангажирани никакви експерти.

„Предметот ТЦ-17/19 во Основниот суд Тетово е формиран по тужба на тужителот ИР ГРУП Конструкт ДООЕЛ експорт импорт Тетово, против Oпштина Тетово, предмет во кој општината се јавува и како противтужител, а со противтужбата бара во име на договорена казна вкупно 2.925.016,00 денари, е во фаза на вештачење, а ние сè уште немаме ангажирано експерт, констатација или мислење од агенцијата што го извршува ова вештачење“, рекоа од Општина Тетово.

Дознаваме дека првично сопственичката на „ИР ГРУП“, Зана Зејнулаи поднела тужба против Општина Тетово за неплаќање, а потоа, општинските власти поднеле противтужба за ненавремено извршување на обврските од страна на компанијата.

Колку ги чинеше граѓаните реконструкцијата на овој плоштад и како изгледа денес?
Вкупната сума што општина Тетово ја плати за реконструкција на булеварот „Илирија“ во Тетово е 30.715.974,00 денари или половина милион евра.

Беше ветен ваков булевар:

Проектот за булеварот „Илирија“ според градоначалничката Теута Арифи.

Проектот за булеварот „Илирија“ според градоначалничката Теута Арифи.

Вака изгледа денес:

Булевар „Илирија“, 5.1.2021.

Булевар „Илирија“, 5.1.2021.

Иако цената за реконструкција на овој плоштад е огромна, таму недостигаат:
• 12 чешми за вода за пиење
• 233 дрвени клупи
• 32 конструкции за паркирање велосипеди
• 73 столбови за јавно осветлување
• 22 корпи за отпадоци

Пред една година, Арменд Фазлиу од Општина Тетово изјави дека го раскинале договорот со компанијата која била задолжена да ги извршува работите, поради доцнење во извршувањето на работите, односно за непочитување на договорот.

„Општина Тетово беше во суд со економскиот оператор токму затоа што договорот, добиен во постапката за јавна набавка, не е почитуван. Судот одлучи во корист на Општината, претходно беше утврдено дека 60 отсто од инфраструктурните работи се завршени, а направени се и кратења за да се овозможи раскинување на договорот и планирање на буџетот за делот на јавно осветлување, уредување на велосипедски патеки, инсталација на јавно осветлување, поставување урбана опрема и други позиции што произлегуваат од основниот проект“, изјавија пред една година од Општина Тетово за Порталб.мк..

Со ова не се согласува Зана Зејнулаи, сопственичка на компанијата што е на суд со Општина Тетово. Таа вели дека нивниот случај сè уште не е завршен и дека се чека извештајот на експертите кои ќе проценат колку општината ѝ должи на компанијата.

Зејнулаи вели дека нема да се предаде и дека ќе бара од правосудствотоа финансиските обврски што, според неа, Општина Тетово ги има кон компанијата што таа ја води, да бидат исплатени

„Во моментов чекаме супервештачење. Општина Тетово постојано врши опструкции бидејќи го гледаат поразот. Сепак, трошоците и каматите им растат секојдневно. По извештајот на вештаците, судот ќе биде тој што ќе одлучи. Тие го раскинаа договорот со изговор дека доцниме со изведбата, но ние не побаравме раскинување на договорот кога тие не нè плаќаа. Во моментот кога завршивме со бекатоните и проектот започна да се оформува, тие го раскинаа договорот. Кој ќе плати за бекатоните што ги добивме со посебна нарачка? “ рече вели Зејнулаи, сопственичка на „ИР Груп“.

Инаку, компанијата што го доби тендерот за продолжување на работите на булеварот „Илирија“ е АННРА ЦЕНТРУМ со седиште во Мала Речица, и истата треба да ги заврши работите во рока од 60 дена откако ќе започне, а почетокот на работата зависи од временските услови.