Проекција на филмот „Сестри“ и дискусија за сајбернасилството на 7 декември во Кинотека

На 7 декември во Кинотека на Северна Македонија ќе се одржи настанот „Сајбернасилство: Последици во реалниот живот“ во организација на Фондацијата „Метаморфозис“.

Настанот ќе започне со бесплатна проекција на филмот „Сестри“, кој е првиот и единствен македонски филм достапен на стриминг платформата „Нетфликс“ и во кој се обработува темата сајбернасилство. По проекцијата ќе се одржи панел-дискусија за сајбернасилството на која ќе зборуваат режисерката на филмот, Дина Дума и психологот Радмила Живановиќ. На настанот ќе се обрати и Ендру Бренд, раководител на програми во Британската амбасада во Скопје.

Како да се препознае насилството што се случува во сајбер просторот, какви последици предизвикува истото и најважно, како да се спречи, се главните прашања кои ќе бидат во фокус на дискусијата. Настанот ќе започне во 16 часот и 45 минути.

Поради ограничениот број на места во Кинотека, потребно е заинтересираните да го пријават своето учество на формуларот достапен на следниов линк.

Агендата и повеќе информации можат да се најдат на официјалната страница на настанот на Фејсбук.

Настанот „Сајбернасилство: Проекција во реалниот живот“ ќе ја затвори годинешната интернационална конференција „е-Општество.мк“ во организација на „Метаморфозис“.