fbpx

Продолжуваат тензиите: Коѕиас ја повика на консултации амбасадорката во Австрија

-

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, ја повика на консултации во Атина грчката амбасадорка во Виена. Чекорот доаѓа по тензијата меѓу Грција и Австрија поради австриските одлуки да се намали протекот на бегалци и еден ден по одржувањето на самитот со државите на Западен Балкан во Австрија, на кој грчката влада не беше поканета.

Во соопштението од грчкото министерство за надворешни работи се истакнува дека грчката амбасадорка е повикана на консултации за да се дискутира како да се зачуваат пријателските односи меѓу грчкиот и австрискиот народ.

„Јасно е дека големите проблеми на Европската Унија не може да се решат со вонинституционални иницијативи, мисли и однесување од 19 век, ниту, пак, одлуките на шефови на државите може да се поткопаат по одлука на шефовите на полициите. Ова покажува проблем со демократијата“, се вели во соопштението од грчкото МНР.

Едностраните иницијативи на Австрија за бегалската криза и прекршувањето на меѓународното право од европски држави, според Грција, е практика која може да ги поткопа темелите и процесите на европското единство.

„Одговорноста за справување со бегалската и миграциска криза не може да паднат само на една држава“, се вели во соопштението.

Грчкото МНР останува на ставот дека бегалската криза мора да се реши врз основа на европските вредности, како соработката и солидарноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...