fbpx

Продолжуваат протестите во Иран иако претседателот се заканува со „решителен“ одговор

-

Протестите во Техеран и во другите ирански градови траат веќе 10-ти ден по смртта на Махса Амини, 22-годишна жена, за која нејзиното семејство трвди дека почина откако беше претепана од иранската полиција за морал. Се појавија и видеа од големи демонстрации и покрај заострените ограничувања на интернетот и зголеменото ограничување од страна на безбедносните сили, соопштија набљудувачките групи, пренесе Вашингтон пост.

Демонстрациите поради строгите ограничувања на женската облека што доведоа до апсење на Амини и жалбите против иранскиот свештенички естаблишмент се проширија во сите 31 ирански провинции и се најголеми по националните демонстрации пред три години кога власта реагираше со смртоносен безбедносен одговор во кој загинаа стотици.

Во последните протести, според државните медиуми на Иран, загинаа најмалку 41 лице меѓу кои има и полицајци. Заострената акција вклучи употреба на боева муниција против демонстрантите и силно распоредување на безбедносните сили во курдските области во западен Иран, каде што се сконцентрирани протестите.

Од неделата, најмалку 18 новинари беа уапсени за време на немирите, вклучително и неколкумина кои беа приведени во раните утрински часови во нивните домови, соопшти Комитетот за заштита на новинарите.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси се закани со остар одговор во саботата, ветувајќи „одлучен удар врз нарушувачите на безбедноста и мирот во земјата“, во телефонски разговор со семејството на убиениот член на безбедносните сили, објавија локалните ирански медиуми.

Во неделата, Ахмад Вахиди, иранскиот министер за внатрешни работи, го повика судството да продолжи со „брза, решителна, правна конфронтација со водачите и агентите на овие немири, што ќе ги научи другите на лекција“, според Хамшахри, државен весник.

На видеата кои се појавија во саботата и неделата беа пкажани протести во неколку области на Техеран, како и во Шираз, во јужен Иран, и Фардис, западно од главниот град.

Во едно од нив, објавено од  антивладина мониторинг група „1500 Tasvir“ се гледа како толпата се собра околу запален полициски мотоцикл во централниот кварт во Техеран, Сатар Кан, извикувајќи: „Не плаши се, не плаши се, сите сме заедно“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...