fbpx

Отпадот во стариот дел на Охрид и оваа сезона е проблем за градските власти

-

Проблемите со депонирањето на комунален отпад во старото охридско јадро, сред туристичка сезона продолжуваат. Од Сараиште па се до малиот паркинг-простор пред црквата Св. Јован Канео, може да се забележи грда слика со оставен комунален отпад.

Иако првиот човек на ЈП „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски информира дека комуналниот отпад се собира буквално секое утро од екипите на претпријатието, сликата на терен е малку поинаква. Од Јавното претпријатие апелираат комуналниот отпад да се вади на места кои се достапни за возилата на јавното претпријатие.

„Поради зголемениот обем на работа службите на Ј.П. „Охридски Комуналец“, комуналниот отпад го подигаат секое утро во 06 часот наутро, со две возила. Со цел да се излезе во пресрет на жителите од стариот дел на градот и на туристите сместени таму воведена и е и втора смена за подигање на сметот, исто така секој ден после 14 часот“, велат од Комуналец.

Голем проблем во стариот дел од градот претставуваат и непрописно паркираните возила, кои го отежнуваат подигањето на отпадот. Грданоски вели дека, како заедница мораме да поработиме и на јавната свест, посебно апелирајќи до жителите на стариот дел на Охрид, сметот да не го одлагаат откако ќе поминат службите на јавното претпријатие, туку тоа да го прават навремено.

Пред помалку од еден месец директорот на јавното претпријатие се пофали дека логистички се подготвени, посебно за справување со одлагањето на сметот токму во најрепрезентитвниот дел на Охрид, но проблемите со одлагањето остануваат.

„Јавното прептпријатие е подновено со возила во вредност од 550.000 евра од кои две возила се наменети токму за стариот дел на градот со носивост од три метри кубни, се со помал габарит токму да одгвоорат на конфигурацијата на теренот и се наречени популарно „кади“ бидејќи после нив не останува исцедок, кој во минатото беше голем проблем особено во летниот перид. Од сопствени средства е набаваено возило на електричен отпад за празнење на сметот од корпите за ситен отпад“, посочи Грданоски.

Од Комуналец апелираат и до сопствениците на угостителски и трговски објекти, навремено да го вадат сметот со цел да се избегне ваквата грда слика на сред туристичка сезона. Апелираат за соработка до граѓаните со цел Охрид да изгледа онака како што заслужува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...