Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, обвинетиот Кешишев сега тврди дека Палчо не пукал кон жртвите

Во пишаната изјава од пред два дена, обвинетиот Кешишев вели дека Велибор Манев наводно им вршел притисок да кажат дека Палчо е организатор и дека тој пукал во убиените. Кешишев во неговата изјава вели дека дента на 22 и 27 ноември кога биле убиени Панче и Вања, Палевски не бил со нив, туку спиел во штабот на партијата Десна. На местото на убиствата, според авторот на белешката, биле тој, Велибор Манев и Боре Видевски, но Кешишев не кажува кој пукал

-

Влатко Кешишев, кој е еден од обвинетите за убиствата на малолетното девојче Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски, доставил изјава до судот со која го менува своето тврдење оти првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо пукал кон жртвите.

Токму Кешишев, според обвинението, ги открил местата на коишто се закопани Вања и Панче.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи рочиштето во врска со двојното убиство, а на предлог на обвинителството сведочеа Ерол Османи, Ламбе Бучков и Стефан Димовски – сите познаници на Палчо.

Новата изјава Кешишев ја доставил до судијата кој го води случајот, Ивица Стефановски, а тој ја проследи до странките во постапката. Адвокатот на Кешишев рече дека не бил запознаен со ваквата изјава.

Во пишаната изјава од пред два дена, обвинетиот Кешишев вели дека Велибор Манев наводно им вршел притисок да кажат дека Палчо е организатор и дека тој пукал во убиените. Кешишев во неговата изјава вели дека дента на 22 и 27 ноември кога биле убиени Панче и Вања, Палевски не бил со нив, туку спиел во штабот на партијата Десна. На местото на убиствата, според авторот на белешката, биле тој, Велибор Манев и Боре Видевски, но Кешишев не кажува кој пукал.

Адвокатите на обвинетите не ја коментираа изјавата и рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето.

На изминатите рочишта во случајот сведочеа мајката на Вања, ќерката и зетот на Панче Жежовски, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, инспектори и членови на политичката партија Десна. На последното рочиште беа сослушани мајката и таткото на Александар Ѓорчевски.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Следното рочиште е закажано за в понеделник, 25 ноември, а сведоци кои треба да се појават се Игор Јанушев, Зоран Аваз и Љупчо Мицевски.

Според обвинението, Палевски, Кешишов, Манев, Видевски на 22.11.2023 година го грабнале Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

„Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри“, велат од Јавното обвинителство.

Пет дена подоцна, на 27.11.2023, четворицата извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје.

„Откако претходно обвинетиот татко на оштетеното дете, преку првоосомничениот дал упатства за времето кога девојчето ќе излезе само за да оди на училиште, тројцата сега обвинети дошле пред влезот на зградата каде живее оштетеното дете“, се вели во соопштението.

Четворицата, со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата, па кога жртвата излегла од лифтот, ја фатиле, ја совладале и ја врзале, заканувајќи ѝ се да не вика затоа што ќе пукаат. Потоа, ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано „Дупки”, во атарот на селото Бразда.

„Таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, така што првоосомничениот и нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка. Потоа на нива покрај земјен пат, во атарот на селото Бразда, го запалиле автомобилот „Цитроен” со велешки регистарски таблици, за што употребиле бензин во туба што го набавил еден од обвинетите“, стои во обвинението.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...