Продолжува прогонот на активистите за човекови права во Белорусија, државата безмилосно затвора

-

Активностите на државниот апарат на Белорусија против граѓанското општество и заложбите за човекови права продолжува со забранување на веб-страницата на организацијата за човекови права „Хуман Константа“. Оваа организација, што работи во полето на дигиталните права и на заштита на правата на лица што не се државјани на Белорусија, веќе беше насилно затворена во октомври минатата година, јавува меѓународната организација „Хјуман Рајтс Воч“.

Имено, на 13 јануари, Градскиот обвинител на Минск, главниот град на Белорусија, нареди блокирање на веб-страницата на „Хуман Константа“.

„Обвинителот лажно ја обвини групата за распространување информации што ‘го подриваат авторитетот’ на државата и ‘предизвикуваат омраза’“, пишува „Хјуман Рајтс Воч“.

Властите во октомври минатата година го затворија правното лице „Хуман Константа“.

„Извесен период не можевме да постигнеме структурни промени, оти властите постојано ги игнорираа нашите апели до нив. Но откако почна ‘ликвидацијата’, некои од нашите партнери престанаа да соработуваат со нас. Тоа ја намали нашата способност да им помогнеме на луѓето во потреба, со што тие станаа уште поранливи“, изјавува еден член на „Хуман Константа“ за „Хјуман Рајтс Воч“.

Бришењето на правното постоење носи сериозни ризици за организациите за човекови права. На 22 јануари на сила ќе стапат измените на Кривичниот законик, со којшто се враќа кривичната одговорност за вклученост на физички лица во нерегистриранили или ‘ликвидирани’ невладини организации. Според таа кривична одговорност, казната изнесува до две години затвор, потсетува „Хјуман Рајтс Воч“.

Властите во Белорусија веќе правно гонат некои борци за човекови права поради нивната работа во нерегистрирани организации. Алес Бјалиацки, основач и претседател на организацијата за човекови права „Вјасна“, како и заменик претседателот Валианцин Стефанович и адвокатот Улаџимир Лабкович се зад решетки поради обвиниение за неплаќање даноци. Наводите против нив се поврзани со официјалната нерегистрираност на организацијата.

Откако ја „дерегистрираа“ во 2003 година, властите постојано одбиваат повторно да ја регистрираат организацијата.

И други членови на „Вјасна“ имаат проблеми произлезени од ударот на државата против активистите. На 14 јануари Апелациски суд ја потврди пресудата против Леанид Судаленка, шеф на канцеларијата во Хомељ, како и против волонтерката Тациана Ласица. Во ноември минатата година тие беа осудени на три и на две и полгодишни затворски казни, врз основа на политички заснован обвиненија. Тие веќе една година се зад решетки, пишува „Хјуман Рајтс Воч“.

Инаку, белоруските власти ја почнаа офанзивата против активистите по мирните протести низ земјата во пролетта и летото 2020 година. И минатата година белоруската влада се пресметуваше со политичките и граѓанските активисти, независните новинари и борците за човекови права, реализирајќи и кампањи на оцрнување, политички мотивирани судења и малтретирања во притвор, пишува „Хјуман Рајтс Воч“.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...