fbpx

Продолжува одолговлекувањето на постапката за изградба на новиот Центар за култура во Тетово

-

„Доколку првата фаза на работа не биде завршена до крајот на декември, ќе следуваат казни“, беа зборовите на директорот на Центарот за култура во Тетово во ноември минатата година. Сепак, декември помина и првата фаза не заврши, а немаше ни казни. Министерството за култура веќе три месеци ја одложува постапката за започнување на работите за втората фаза на новиот објект на Центарот за култура во Тетово, со образложение дека наишле на неочекувани недостатоци во проектот, информира „Порталб.мк“.

Во ноември 2019, директорот на Центарот за култура, Артан Аслани за „Порталб.мк“ изјави дека работите на првата фаза ќе бидат завршени до крајот на годината.

Поминаа два месеци, а првата фаза сè уште не е завршена. Директорот вели дека работите се во завршна фаза и во моментов се во управна постапка за примопредавање на објектот.

– Можам да кажам дека првата фаза е пред завршување, административните работи за примопредавање на објектот се усогласуваат. Во однос на втората фаза, Центарот за култура ги има исполнето сите обврски од ноември, останува Владата да го донесе извештајот и да направи динамичен план за втората фаза. Лично, не можам да предвидувам рокови без да го добијам динамичниот план што Владата ќе треба да го одобри и каде ќе бидат утврдени сите работи – вели директорот на Центарот за култура во Тетово, Артан Аслани за „Порталб.мк“.

Одолговлекување на постапката за почеток на работите за втората фаза

На 3 ноември минатата година, Центарот за култура во Тетово го испрати проектот за почеток на работите од втора фаза до Министерството за култура, со цел да го комплетира со Владата и за да се одобрат средства за нејзина реализација.

Овој проект остана во Министерството за култура речиси три месеци, за потоа истиот да се испрати до Владата за одобрување на 27 јануари. Според ова министерство, ова се должи на грешките со кои се соочиле во проектот.

– Како што сте информирани, работите од првата фаза на објектот (карабина, покрив и фасада) се во завршна фаза. Министерството за култура обезбеди средства за започнување на втората фаза од работите. Предметот во моментов го обработуваат владините комисии, а оваа комисија ќе го одобри и динамичниот план за спроведување, предложен од Министерството за култура. Навистина не чекавме до 27 јануари, но проектот имаше недостатоци и бевме принудени да ги подобриме тие отстапки за одреден временски период – изјавија од Министерството за култура за „Порталб.мк“.

Изградбата на Центарот за култура во Тетово беше ветена уште на 6 октомври 2010 година, кога тогашната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, го претстави идејното решение за мултифункционалниот објект, којшто треба да обезбеди театар, кино и библиотека. Камен-темелник за изградба на овој објект беше поставен на 28 ноември 2014 година.

Цената на првата фаза за изградба на објектот беше проектирана на 13,5 милиони евра, додека со почетокот на втората фаза и објавувањето на тендерот за внатрешно уредување, цената ќе достигне 40 милиони евра.

Проектот за изградба на овој мултифункционален културен центар е еден од капиталните проекти на претходната влада, кој беше планиран да се заврши пред неколку години. Со изградбата на овој центар ќе се реши просторниот проблем за многу институции, како што се театарот, библиотеката и културниот центар во Тетово, кои веќе неколку години функционираат на иста локација. Во очекување на реализација на овој проект, културната и уметничката активност се одвива во привремени супстандардни услови, додека библиотеката со назив „Кочо Рацин“ е многу мала, со многу малку книги и лоши услови за работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...