Продолжува акцијата против дезинформациите: „Лажговците со кратки нозе фатени среде Скопје“ [Фото]

Герила акцијата против дезинформации продолжува во центарот на Скопје. Денес се појави макета со лажговци кои држат транспаренти со лажни вести.

„АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!“, „Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – на лагата и се куси нозете, а долги опашките“, „Путин ја ослободува Украина од фашизмот – отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат“, „Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели“ – се дел од пораките на герила- акцијата „Лажговците со кратки нозе фатени среде Скопје“.

Герила акција: Народната мудрост посилна од лажните вести [Галерија]