Продолжен повикот за аплицирање за програмата за млади претприемачи на RISE Journey до 4-ти октомври

Фото: Annie Spratt на Unsplash

Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги кани повторно сите млади од 18 до 35 години, кои имаат желба да развијат бизнис идеи со кои се нуди решение за некаков општествен/еколошки предизвик, да аплицираат на повикот за учество во програмата RISE Journey, кој е продолжен до 4 октомври (понеделник) на полноќ.

Проектот RISE се спроведува во регионот на Западен Балкан со цел да им понуди на младите луѓе програма преку која тие ќе ги развијат своите идеи, почнувајќи и од нула.

Програмата освен менторска и експертска поддршка нуди и мотивација, инспиративни приказни, дружење и регионални вмрежувања. На крајот од првата фаза на идеација, два избрани тима од секоја земја ќе добијат финансиска (околу 2.000 евра) и експертска поддршка за понатамошен развој на нивниот социјален бизнис.

Апликацијата треба да се пополни на англиски јазик, и истата може да ја најдете ОВДЕ.

Пред да се пристапи кон пополнување на апликацијата треба да се прочита целиот повик кој е достапен ОВДЕ

Сите досегашни прашања кои веќе имаат одговори можете да ги најдете во овој онлајн документ. За дополнителни прашања испратете мејл на [email protected]