fbpx

Продажбата на зелените пазари е намалена за 20 проценти

-

Откако големите супермаркети имаат мали зелени пазари, продажбата на градските зелени пазари е намалена за околу 20 проценти, беше денеска истакнато во Стопанска комора.

Даниела Михајловска-Василевска од Стопанска комора истакна дека за да се зголеми продажбата, потребна е модернизација на пазарите преку инвестиции во изгледот и во условите за пазарење, како и со воведување нови содржини на пазарите заради задржување на купувачите.

– Во многу градови низ Македонија, вклучително и во Скопје, во фаза е реконструкција, обнова на пазарите, па дури и изградба на нови пазари. При тоа, во голема мера се користи и искуството од веќе модернизираните пазари во земјите од регионот, преку изградба на нова инфраструктура, нови комунални решенија во делот на собирање и на рециклирање на отпадот, одржување на хигиената на пазарите, набавка и изработка на нови посовремени и помодерни тезги, начин на покривање на пазарите – истакна Михајловска-Василевска.

Според податоците од пазарите, во Македонија постојат околу 15.000 до 20.000 закупци на тезги, што значи дека повеќе од 10.000 семејства живеат од тргување на зелените пазари.

Сè уште нема статистички податоци за ниното влијание врз вкупната економска активност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...