fbpx

Проценката на состојбата на доброто владеење во општините ќе се промовира утре

-

Фондацијата Метаморфозис утре во 10 часот ќе одржи онлајн-настан за промоција на резултатите од Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2022 година и промоција на резултатите од Проценката на добро владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност според мерењето за 2021.

Проценката на добро владеење во Северна Македонија и регионот е резултат на сеопфатно емпириско истражување засновано врз Индексот на отвореност, чија цел е да се утврди степенот до кој се почитуваат принципите на доброто владеење во регионот. Трудот дава длабинска анализа на работата на извршната власт и Собранието на Република Северна Македонија, но дава и резиме на вкупните перформанси на соодветните институции во нашиот регион.

Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2022 година ги содржи резултатите од емпириската анализа на сите 80 локални самоуправи плус Градот Скопје.

Настанот се организира со цел да се овозможи простор за дискусија и дебата меѓу граѓаните, медиумите, претставниците на локалните самоуправи, претставниците на централната власт и граѓанскиот сектор.

Настанот ќе се одвива онлајн преку Zoom платформата, a cите заинтересирани ќе можат да го следат тука.

Meeting ID: 964 2542 6961
Passcode: 016114

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...