Во доцните ноќни часови во Кочани, во црквата „Св. Вмч. Георгиј“, едно лице се обидело насилно да влезе во објектот, пренесува Радио Кочани.

Според првичните информации, откако не успеал да ја пробие влезната врата, сторителот се обидел да избега, но притоа се заглавил на оградата на храмот.

На терен интервенирале полициски екипи, пожарникари од Територијалната противпожарна единица во Кочани, како и екипа на Итната медицинска помош, со цел безбедно да го извлечат лицето. Инцидентот се случил непосредно пред одбележувањето на храмовата слава, што предизвикало дополнителна вознемиреност кај граѓаните.