fbpx

Про-демократски протести во Бразил, се бара затвор за демонстрантите што упаднаа во институциите

-

Десетици илјади луѓе во Бразил одржаа про-демократски митинзи како лут одговор на упадот во Конгресот од страна на поддржувачите на поранешниот претседател Жаир Болсонаро. Во најголемиот бразилски град, Сао Паоло, толпата извикуваше дека Болсонаро мора да оди во затвор.

Асошиејтед прес пренесе дека се приведени околу 1.500 лица поради нередите во неделата во главниот град Бразилија, додека прес-службата на Федералната полиција изјавила дека силите планираат да обвинат најмалку илјада лица.

Упадот во Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата во Бразил се случи една недела откако претседателот Луис Инасио Лула да Силва положи заклетва по изборите во октомври кои го поделија Бразил.

Улични собири вчера се одржаа во голем број градови и населени места, а како што јавува дописничката на Би-би-си од Сао Паоло, многумина дошле облечени во црвено, боите на Работничката партија на Лула. На дел од транспарентите биле испишани зборовите „Нема амнестија за пучистите“, а толпата скандирала „затвор за Болсонаро“.

Лула вчера ги посети оштетените згради на државните институции и вети дека ќе ги казни сторителите, осудувајќи ги „терористичките акти“.

Болсонаро не го призна поразот од тесниот резултат на октомвриските избори и замина во САД пред преземањето на функцијата од страна на Лула.

Би-би-си јави дека вчера Болсонаро бил примен во болница во Флорида со болки во стомакот.

Министерот за правда Флавио Дино вети дека ќе ги гони оние кои дејствувале зад сцената, ги повикале поддржувачите на десничарот Болсонаро преку социјалните мрежи и го финансирале нивниот транспорт кон вршење на злосторствата, вклучувајќи организиран криминал, подготвување државен удар и насилно укинување на демократското владеење на правото. Тој додаде дека властите ќе ги истражат и наводите дека локалните безбедносни служби во Бразилија дозволиле уништувањето да продолжи со несмалено темпо.

Во драматичните сцени во Бразилија во неделата илјадници демонстранти облечени во жолти фудбалски дресови и знамиња на Бразил ги пробија полициските линии и упаднаа во срцето на бразилската држава – „Three Powers Plaza“, каде што се наоѓаат Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата, поради што претседателот Лула прогласи итни мерки.

Бунтот го поттикнаа екстремно десничарските поддржувачи на Болсонаро кои одбиваат да го прифатат неговиот изборен пораз. По изборната загуба на 30 октомври, поддржувачите кампуваа надвор од воените касарни, барајќи интервенција за да му се овозможи на Болсонаро да остане на власт и да го собори Лула.

Немири во Бразил: претседателот Лула вети казни откако поддржувачи на Болсонаро упаднаа во институции

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...