Приведени 13 лица на две домашни забави во Скопје и сопственик на угостителски објект во Тетовско

-

Во период од 24 часа, полицијата привела дури 14 лица кои не ги почитувале мерките за заштита од ковид-19, од кои 13 лица кои биле на две забави во Скопје и сопственик на угостителски објект во Тетовско, кој работел по крајот на работното време одредено со антиепидемиските мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во тетовското село Горно Седларце вчеравечер околу 21.30 часот, полицајци од СВР СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот Б.И. од ова село, чиј угостителски објект работел по дозволеното време и во него престојувале 29 лица.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Ноќеска во 02.45 часот, по претходно добиени сознанија дека во стан на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје има гласна музика и не се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Притоа, во станот биле затекнати сопственикот и уште седум други лица на возраст од 25 до 33 години).

Во истиот период, во координација со Јавен обвинител, од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и интервентната полиција, во стан на ул.„Елисие Поповски Марко“ биле затекнати пет лица кои правеле забава.

Сите 13 лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...