Полицијата ја привела А.А. (43) од Тетово која се сомничи дека е вмешана во обидот за убиство на нејзиниот сопруг Зекирија Шаини од Слупчане, носител на советничка листа на локалните избори и Претседател на Советот на општина Липково од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Како што соопштија од полицијата, тие извршиле службен разговор со шест лица, а во домот на 50-годишниот Б.С. од Куманово извршиле претрес со судска наредба. Според Министерството за внатрешни работи (МВР), во Шаини пукал 36-годишниот Љ.Ф. од Гостивар, но тој е во бегство. Од МВР најавуваат кривична пријава против сопругата на Шаини, А.А. и против против Љ. Ф. по целосно документирање на случајот.

Инаку, вчера во текот на денот во Куманово, во непосредна близина на општинската зграда, сред изборна кампања за локалните избори кои треба да се одржат на 19 октомври и 2 ноември, беше пукано во Шаини, носител на советничката листа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во општина Липково и вработен на скопската Клиника за пулмологија.

Шаини бил застрелан четири пати, во десното коленото и во левата подлактица. Најпрво бил пренесен во кумановската болница, а потоа и на скопските клиники, каде што му била укажана медицинска помош. Според информациите, тој е во стабилна и животно незагрозувачка состојба.

Напаѓачот на Шаини сè уште е на слобода, ДУИ бара итна и транспарентна истрага и повикува на смиреност