На 27.11.2024 во 13.40 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, при обезбедување на лице место од сообраќајна незгода на магистрален пат Гостивар- Кичево, го лишиле од слобода Е.К.(29) од с.Велешта Струга, кој со возило „голф“, со струшки регистерски таблици поминал преку стапалото на полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.
На полицискиот службеник му била укажана медицинска помош во Ургентен центар- Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.