Приведен охриѓанец кој со остар предмет повредил три лица

Како што информираа од полицијата, со повреди нанесени од остар предмет се здобиле С.Д.(25) од селото Лактиње, Општина Дебрца, Ф.Б.(22) и И.А.(22) -  двајцата од Охрид

-

Приведен е охриѓанец поради сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачки или караница“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Вчеравечер после полноќ, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, полицајци го привеле 20-годишниот З.У., кој се сомничи дека го сторил кривичното дело претходната вечер во спортска сала во Охрид.

Како што информираа од полицијата, со повреди нанесени од остар предмет се здобиле С.Д.(25) од селото Лактиње, Општина Дебрца, Ф.Б.(22) и И.А.(22) –  двајцата од Охрид.

Во врска со овој настан, ноќеска во СВР Охрид бил повикан Х.С.(20) од Охрид и било пронајдено моторно возило „БМВ“ со охридски регистарски таблици, кое било управувано од осомничениот.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што СВР Охрид најавува оти ќе поднесе соодветни пријави.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...