Притворен насилник: Ја претепал поранешната сопруга, па ѝ се заканувал дека ако не се смират ќе ја убие

-

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило продолжено кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Според ОЈО, на 10 јули, пред зграда на булеварот „Јане Сандански“, осомничениот кај поранешната сопруга ги враќал двете малолетни деца за кои имале спогодба за видување. Најпрвин инсистирал да се качи во станот и да разговараат, а кога оштетената не му дозволила, пред влезот им го попречил патот и започнал да ја удира со тупаници во пределот на главата, да ја стиска за вратот и рацете. Повикот за помош на оштетената го слушнале тројца таксисти, кои го оттргнале осомничениот. Нападнатата жена настанот го пријавила во полициска станица.

Потоа, на 4 август, тој отишол на работното место на оштетената и најпрвин вербално ја нападнал, упатувајќи и заканувачки и погрдни зборови. Откако заминал, продолжил да ѝ се заканува по телефон дека ако не согласи да се смират, ќе влезе во станот на нејзините родители и ќе ги убие сите.

Загрижена за безбедноста на нејзините деца и нејзините родители, оштетената настанот го пријавила во полициска станица. Во попладневните часови, осомничениот ја зел од градинка малолетната ќерка и се упатил кон станот на родителите на оштетената. Кога детето влегло во домот, таткото на оштетената го замолил осомничениот да си замине, но тој започнал агресивно да удира по влезната врата и да се обидува насилно да влезе.

Оштетената и нејзиниот татко се обидувале вратата да ја држат затворена, а од туркањето се здобиле со телесни повреди – гребаници и исекотини. Откако успеале да ја заклучат вратата, осомничениот, занемарувајќи го фактот што повторно биле присутни малолетните деца, продолжил да им се заканува дека ќе ги убие и да се однесува агресивно. Оштетените повикале полиција, која го затекнала осомничениот пред станот и го привела.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности коишто укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, па до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...