fbpx

Притворен битолчанец поради шверц на 100 килограми марихуана

-

Основното јавно обвинителство Охрид, постапувајќи по кривична пријава, почнало истражна постапка против жител на Битола, кој заедно со уште едно лице бил фатен како во возило превезува 100 килограми марихуана, соопшти Јавното обвинителство.

Осомничениот се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а на барање на јавен обвинител, Основниот суд Охрид му одредил притвор од 30 дена.

„Дрогата, марихуана со тежина од околу 100 килограми, е најдена во патничко моторно возило со скопска регистарска таблица, кое се движело по патот Св. Наум – Охрид. Во возилото биле две лица, од кои возачот се дал во бегство и во моментов е недостапен на органите на прогонот. Совозачот, жител на Битола, е лишен од слобода и против него е почната постапката за стореното дело“, стои во соопштението на Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...