Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против 53-годишен жител на селото Батинци, осомничен за неовластено држење и трговија со оружје и муниција.
Како што соопшти Обвинителството, при претрес во домот на осомничениот биле пронајдени три пиштоли и 643 куршуми со различен калибар. Претресот бил извршен на 27 мај од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходна судска наредба. Истовремено, лицето Е.Х. (53) било лишено од слобода.
Јавниот обвинител поднесе предлог за определување притвор, со образложение дека постои опасност од бегство и можност за повторување на делото. Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот и му одреди мерка притвор на осомничениот.
