fbpx

Притвор за кавадарчанец осомничен дека крвнички истепал мајка и нејзината шестгодишна ќерка

-

Основното јавно обвинителство Гевгелија донело наредба за истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело „Насилство“. Лицето е осомничено дека крвнички истепало мајка и нејзината шестгодишна ќерка од селото Мрзенци, информираат во Обвинителството. Кавадарчанецот е во притвор бидејќи има сонмежи дека може да избега или да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци.

Како што информираат во Обвинителството, мајката добивала заканувачки пораки од насилникот на „Вибер“ во кои ѝ пишувал дека ќе ја убие. Тој се товари дека на 16 јануари дошол пред семејната куќа на оштетената во селото Мрзенци, ја искршил влезната врата и влегол во спалната соба каде што мајката спиела со нејзината шестгодишна ќерка и ја удрил со бокс во лицето. Осомничениот го удрил и девојчето, а на оштетената ѝ го одзел мобилниот телефон и го скршил за да не може да побара помош.

„Потоа повторно почнал да ја удира со боксови и клоци, да ја дави, а нејзината малолетна ќерка плачела вознемирено, молејќи го осомничениот да си оди и да не ја тепа мајка ѝ. Оштетената, целата во крв, боса, ја зела нејзината ќерка и успеала да излезе од куќата, да влезе во возилото и да побегне во домот на нејзините родители“, наведено е во соопшението на Обвинителството.

Оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на нос, како и повеќе посекотини, контузии и хематоми по целото тело, а со телесни повреди – гребнатинки, модрици и хематоми се здобила и нејзината ќерка, која има и психички трауми од целиот настан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...