fbpx

Притвор за двајца од уапсените во акцијата „Геодет“

-

Судија на претходна постапка им одредил притвор на двајца од деветнаесеттемина уапсени во акцијата на Финансиската полиција под оперативното име „Геодет“, додека на другите им биле изречени превентивни мерки, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1.

„Во Основниот суд Скопје 1 во текот на вчерашнот ден, пред судија на претходна постапка, беа доведени 19 лица од Скопје, приведени во акцијата во јавноста позната како „Геодет“, од кои од страна на Јавното обвинителство од Скопје за 17 лица до судија на претходна постапка е доставен предлог за определување превентивни мерки, а за две лица е доставен предлог за определување мерка притвор“, стои во соопштението на судот.

Двајцата осомничени, на кои им е одреден притвор, се товарат за примање поткуп и за злоупотреба на службената положба и овластување.

Забрана за напуштање на живеалиште, привремено одземање патна исправа и забрана за преземање работни активности поврзани со кривичното дело им е одредена на другите уапсени, осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, поткуп и за поднесување лажни докази.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...