Притвор за двајца осомничени за палење викенд куќа во велешко, се трага по третото лице

Двајца мажи од Прилеп и едно лице од Ореше се осомничени дека намерно запалиле викенд куќа во село Капиново. Основното јавно обвинителство Велес бара притвор за сите тројца

-

Основното јавно обвинителство Велес поведе истражна постапка против тројца осомничени – двајца од Прилеп и едно лице од село Ореше – поради предизвикување пожар со кој била опожарена викенд куќа во село Капиново, општина Чашка.

Настанот се случил на 10 мај кога осомничените со патничко возило со прилепски таблички дошле до викенд куќата, насилно влегле во објектот и намерно предизвикале пожар со запалива течност. Во моментот на инцидентот, сопствениците не биле присутни, но објектот бил целосно зафатен од пожарот и причинета е значителна материјална штета. Повредени лица нема.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес, а по спроведена истрага на СВР Велес во координација со криминалистичките служби од БЈБ и ОВР Прилеп, било утврдено дека осомничените се Ѓ.П. (56) од Ореше, С.М. (40) и Д.Д. (37), двајцата од Прилеп.

Според МВР, двајца од осомничените, Ѓ.П. и Д.Д., се уапсени на 16 мај и се задржани во полициска станица, додека се преземаат мерки за пронаоѓање и приведување на С.М., кој е во бегство.

Јавниот обвинител до надлежниот суд доставил предлог за определување мерка притвор за сите тројца. За двајца од нив, притворот веднаш стапува на сила, додека за третиот осомничен ќе се примени по неговото пронаоѓање.

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот...